понеделник, 21 октомври 2024

Шолц: Мораме побрзо да ги депортираме емигрантите кои немаат право да останат во Германија

Германија мора побрзо да ги депортира емигрантите кои немаат право да останат, но и да продолжи да ги прифаќа оние кои имаат право на азил и оние со потребни вештини, кажа вчера германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју.

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да ги депортираме во големи броеви оние кои немаат право да останат во Германија“, кажа Шолц за Шпигл. Истакна дека оние кои немаат услови за азил и немаат шанси за останување мора да заминат. „Мораме повеќе и побрзо да депортираме“, кажа германскиот канцелар.

Шолц кажа дека е нужен цел пакет мерки за да се ограничи незаконската миграција, а тоа вклучува подобра заштита на надворешните граници на Европската Унија и построги контроли на границите на Германија со соседните ЕУ членки.

Канцеларот додаде дека Германија мора да продолжи да ги прифаќа бегалците кои имаат право на азил поради политички прогон или други легитимни причини, како и да привлекува повеќе мигранти со потребни вештини.

„Но оние кои не припаѓаат ниту на едната ниту на другата група не можат да останат кај нас“, повтори Шолц.

Интервјуто е објавено додека владејачката коалиција, која ја сочинуваат Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), расправа за миграциската политика.

Некои политичари од СДП не се одушевени од изјавата на Шолц за депортации. Пратениците Раша Наср и Хакан Демир кажаа вчера дека депортациите се „само мал дел од решението“ во време на висока инфлација и затворање на компаниите.

„Миграциите се едно од многуте прашања со кои мораме да се носиме – некои се однесуваат како тоа да е единственото преостанато прашање, а толку многу треба да се направи“, порачаа пратениците од Будестагот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ