вторник, 22 октомври 2024

Шолц: Американските ракети се неопходни за безбедноста на Германија

Германскиот канцелар Олаф Шолц го пофали најавеното распоредување на американски ракети со долг дострел во неговата земја, велејќи дека е неопходно да се зачува земјата безбедна.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Договорот меѓу двете влади, кој беше објавен за време на самитот на НАТО во Вашингтон, предвидува дека САД од 2006 година ќе распоредат различни ракетни системи со долг дострел во Германија.

„Долго време се бориме со прашањето како можеме да обезбедиме средства за одвраќање што ја обезбедуваат територијата на НАТО алијансата и германската територија со конвенционално оружје“, изјави Шолц за новинарите во Вашингтон, пренесе Би-би-си.

Тој посочи дека за оваа одлука се размислува долго време и не е изненадување за никој кој е вклучен во безбедносната и мировната политика.

Русија ја критикуваше оваа најава и изјави дека тоа ги зголемува тензиите.

Кремљ во соопштението наведе дека распоредувањето на ракети со долг дострел е „многу сериозна закана“ за НАТО алијансата, што ќе бара „соодветни реципрочни мерки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ