вторник, 22 октомври 2024

Шојгу: Одбивме голем украински напад на југ, мораа да се повлечат со загуби

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс не можеше да го потврди ова од независни извори, а коментар немаше ниту од украинското Министерство за одбрана. Некои руски и западни претставници веруваат дека Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива оваа недела, но Киев јавно не го потврди тоа.

Шојгу рече дека неговите сили одбиле четири одделни украински напади на јужниот фронт во текот на ноќта и дека силите на Киев морале да се повлечат „со големи загуби“.

„Денеска во 1:30 часот непријателот се обиде да ги пробие нашите одбранбени линии во правец на Запорожје со силите на 47 механизирана бригада со до 1.500 луѓе и 150 оклопни возила“, соопшти Шојгу.

„Непријателот беше забележан навреме од нашите извидувачки сили и нашата артилерија и воздухопловните сили извршија превентивен напад користејќи противтенковско оружје“.

Шојгу тврди дека Украина изгубила 30 тенкови, 11 оклопни пешадиски возила и до 350 војници. Вчера тој рече дека украинските сили претрпеле уште поголеми загуби во последните 24 часа.

Ројтерс не можеше да го потврди ова од независни извори.

Областа Запорожје, 80 отсто под руска контрола, е дел од т.н копнен мост, областа што го поврзува источниот украински регион Донбас со Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Заземањето на тој копнен мост се смета за една од главните цели на украинската контраофанзива.

Владимир Рогов, проруски функционер во делот на областа Запорожје која е под руска контрола, рече дека украинските сили се обиделе да ги пробијат руските линии користејќи беспилотни летала, оклопни возила и повеќе ракетни фрлачи.

Рогов на Телеграм рече дека руските сили очекуваат уште вакви напади во наредните денови и недели, што тој ги оцени како одлучувачки за текот на војната, која Москва продолжува да ја нарекува специјална воена операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ