вторник, 22 октомври 2024

Шојгу: Ние методично ги извршуваме задачите, Украина загуби околу 90.000 војници од 4 јуни

Руските војници методично ги извршуваат зададените задачи во специјалната операција во Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на безбедносниот форум Сианшан, кој се одржува во Пекинг.

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека руските вооружени сили ќе продолжат методично и самоуверено да ги извршуваат своите задачи и да ја гарантираат безбедноста на цивилите, пренесува РИА Новости.

Шојгу тврди дека од 4 јуни, кога започна контраофанзивата на Украина, повеќе од 90.000 украински војници се убиени или ранети.

Според неговите изјави, Украина од почетокот на контраофанзивата изгубила околу 600 тенкови и речиси 1.900 оклопни возила од различни класи, а не постигнала никаков тактички значаен успех на бојното поле.

Од 29 до 31 октомври во Пекинг се одржува 10 форум Сианшан, во организација на Академијата за воени науки на кинеската армија и Кинескиот институт за меѓународни стратешки студии. На форумот традиционално присуствуваат министри за одбрана, експерти и поранешни воени претставници од различни земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ