Како што дознаваме и второто лице во возилото, Фламур Лога, бил вработен во МНР (во ИТ сектор) и покажал дипломатска патна исправа. Тој на полицајците им рекол дека одат на аеродром.
Случајот го нема во билтенот на МВР.
Очигледно поради сензитивноста на случајот, официјални информации за овој случај досега нема. Нема ни официјални одговори денеска на прашањата што се пратени до МНР. Брахими и натаму работи како шофер во МНР.
Она што е уште поинтересно во целиот случај е што дури на 21 мај охридската полиција испратила официјално писмо до МНР во кое се бара појаснување за тоа дали лицето Ќазим Брахими тој ден (16 април) бил службено ангажиран и дали го управувал возилото со патен налог.
Од тогаш молк на сите страни.
А.Д.