сабота, 19 октомври 2024

Шмихал: Киев годинава ќе потроши милијарда долари за производство на дронови

Објавено на

часот

Сподели

„Украинската влада планира да инвестира 1,08 милијарди долари во домашното производство на беспилотни летала оваа година“, објави Шмихал, пренесе Гардијан.

Тој вчера одржа состанок со украинските производители на дронови и рече дека парите за инвестирање во производството на дронови се собрани во рамки на иницијативата на претседателот Володимир Зеленски „Јунајтед24“.

„Денеска има повеќе од 40 компании кои имаат договори со државата, а производството на беспилотни летала е десеткратно зголемено“, рече Шмихал.

Тој посочи дека видеата на украинските беспилотни летала како уништуваат руско оружје се „најдобар резултат и доказ за нашите заеднички напори со украинските производители“.

„Им благодарам на сите што ни ја приближуваат победата“, изјави украинскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ