недела, 20 октомври 2024
Донација Амбасадата на САД

Шлемови, гумени чизми, сет алати… за радовишките пожарникари од НАТО

НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари, соопштија од Општина Радовиш.

Објавено на

часот

Сподели

Опремата се состои од противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила), противпожарни огноотпорни одела, балаклави и носачи за белодробен апарат со маска.

Од Општината додаваат дека ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици во државата, кои се опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот за да им се помогне на единиците во опремувањето за ефикасно извршување на интервенциите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ