четврток, 25 јули 2024
Нови повредени во сообраќајна несреќа

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на село Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово“, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ