вторник, 22 октомври 2024

Шест цивили загинаа во руско гранатирање на Одеса (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Русија лансираше четири крстосувачки ракети кон градот, соопшти јужната команда на вооружените сили на Украина, пренесе Ројтерс.

Војската претходно соопшти дека два проектили биле уништени пред да ги погодат своите цели.

„Како резултат на воздушната битка и експлозијата, оштетени се деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, објекти за храна и продавници во центарот на градот“, соопшти командата на Телеграм.

Трите жртви работеле во магацинот на трговскиот синџир кога проектилот го погодил и го запалил, додаваат од армијата. Во тој напад се ранети седум лица.

„Потрагата низ урнатините продолжува, може да има уште луѓе под нив“, додаваат од армијата.

Ројтерс вели дека не може независно да ги потврди извештаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ