вторник, 22 октомври 2024

Шешко стави потпис на договор со Лајпциг, ќе продолжи да игра со Елмас

Бенџамин Шешко беше мета на многу гиганти од Европа, но словенечкиот напаѓач одлучи да го продолжи договорот со Лајпциг, па и следната сезона ќе игра за Бундеслигашот.

Објавено на

часот

Сподели

Претходниот договор на Шешко беше со трајност до 2028 година, во новиот тој има поголема плата и тој истекува во јуни 2029 година.

Меѓу двете страни е постигнат и џентлменски договор за заминување на Шешко во 2025 или 2026 за разумна отштета. Тоа било и клучно за потпишување на соработката.

„Имав добра прва година во Лајпциг и сум многу среќен тука. Тимот, клубот, градот, фановите – целиот пакет е исклучително добар за мене. Продолжувањето на договорот беше логичен чекор за мене“, рече Шешко по потпишувањето на договорот.

За Шешко имаше интерес од Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Милан… но гигантите останаа разочарани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ