вторник, 22 октомври 2024
На панел дискусија во организација на ДУИ

Шекеринска: Треба да се разберат луѓето кои се за ЕУ, но имаат страв од уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

Според Шекеринска, европските партнери треба да ѝ дадат гаранции на земјава дека на патот кон ЕУ нема да има нови пречки.

„Често не забележуваме дека има и други групи граѓани, за разлика од нас овде, кои не сметаат дека нема друга алтернатива освен уставни измени и продолжување на евроинтеграцискиот процес. Тезата ‘нема алтернатива’ ни е погрешна. Тие што се за уставни измени треба да ги разберат тие што се против. Повеќето противници се Македонци, но не треба да ги потцениме. Некои од нив гласале на реферндумот за Преспанскиот договор, ама сега се против новиот договор со Бугарија и велат не. Не е добро да ги обвинуваме дека се против ЕУ; зашто тоа не се. Сетете се дека на евроинтеграцискиот пат имавме пречки прво од Холандија и тоа не заради нас, туку заради Албанија, потоа зелено светло не даде Франција поради ‘нова методологија’, па потоа дојде бугарското вето. Никој не е против етнички заедници да влезат во Уставот, но имаат страв дека ќе следуваат нови условувања“, рече Шекеринска.

Таа се заложи партиите да постигнат консензус околу главните прашања и нагласи дека треба да се добијат гаранции од земјите од ЕУ да нема нови пречки од неевропски вид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ