недела, 20 октомври 2024

Шефовите на европските држави одат на Исланд, сакаат на Русија да ѝ покажат единство

Објавено на

часот

Сподели

Самитот, само четвртиот од оваа паневропска организација во речиси 75-годишното постоење, ќе разговара за кривичната одговорност на Русија, одговорна за уништувањето и злосторствата предизвикани од нејзината инвазија на Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, кои од сабота го примија украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе го предводат европското семејство во Рејкјавик.

Што се однесува до украинскиот претседател, кој беше поканет како шеф на држава-членка, неговото присуство сѐ уште е неизвесно.

Во понеделникот, Зеленски на Твитер објави дека „се враќа дома“ по европската турнеја што го однесе во Рим, Берлин, Париз и Лондон, ветувајќи „ново моќно оружје“ додека неговата земја подготвува контраофанзива против руските сили.

Додека Москва сигнализира долга војна и покрај големите загуби, Европа се обидува да покаже дека е обединета зад Киев. „Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, рече во понеделник претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

И ништо нема да се реши за Украина без Украина, вети таа, во време кога Киев се грижи дека ќе се најде под притисок на своите сојузници да преговара со Москва, доколку брзо не ги постигне очекуваните воени успеси.

Исландските организатори се надеваат дека речиси 24-часовниот самит, кој го поттикна мирниот Рејкјавик да донесе полициско засилување од странство, ќе доведе до „опипливи резултати“.

Особено мора да се започне со „регистарот на штетите“ предизвикани од руската инвазија, откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Регистарот би бил „првиот чекор и тоа голем чекор кон репарациите што треба да ги плати Русија“, рече Фон дер Лајен, која како и другите во Европа се залага за формирање на специјален суд за воени злосторства за Украина, веројатно во Хаг.

Тркалезната маса, а потоа и вечерата на европските лидери, мора да прецизираат „како Советот на Европа може активно да им помогне на Украинците, како членови на ова големо европско демократско семејство“, соопштија од Елисејската палата.

До март 2022 година, Русија беше членка на Советот на Европа, редок европски или западен форум чиј дел беше и Москва. Покрај 27-те членки на ЕУ, Советот на Европа вклучува уште дваесет нации и има вкупно 675 милиони жители. Најпознат е по својот Европски суд за човекови права (ЕСЧП).

Според Рејкјавик, на состанокот мора да се разгледа и „демократскиот пад забележан во Европа“, како и актуелните теми како што е вештачката интелигенција.

Самитот е и еден вид вовед на состанокот на Г7 што почнува в петок во Јапонија, каде Макрон, Сунак, Шолц и Мелони ќе се сретнат со американскиот претседател Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ