вторник, 22 октомври 2024

Шефот на Вагнер: Руската војска се обиде да ги разнесе моите борци

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Пригожин на Телеграм изјави дека неговите војници пронашле десетина локации каде што вработените во Министерството за одбрана поставиле експлозиви, вклучително и противтенковски мини, велејќи дека тоа им било наредено од претпоставените, пишува Скај њуз.

Пригожин тврди дека такво нешто немало намера да го одврати непријателот, со оглед на тоа што мините биле поставени во областа зад линијата на фронтот. „Затоа, претпоставуваме дека експлозивните направи биле наменети за единиците на Вагнер кои напредуваа кон целта“, рече тој.

„Ништо не експлодира и никој не е повреден. Претпоставуваме дека ова е обид за јавно камшикување“, додаде тој. Руското Министерство за одбрана не ги коментираше овие последни обвинувања од Пригожин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ