вторник, 22 октомври 2024

Шефот на Рајнметал: Украина има оружје за уште шест до 12 месеци

Западното оружје во Киев ќе трае уште само шест до 12 месеци поради недостиг од буџет, изјави на конференцијата за обнова на Украина шефот на германската компанија за оружје Рајнметал Армин Папергер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Морам да кажам дека буџетот е реален проблем, и кога гледам сега на Европа сфаќам дека ќе имаме доцнења во испораките на оружје на Украина, бидејќи немаме доволен буџет“, изјави Папергер.

Според него, германскиот специјален фонд од 100 милијарди евра наменет за зголемување на военото производство и модернизација на Бундесверот веќе пресушил и на земјата, како и на цела Европа, ќе ѝ „требаат повеќе пари“ за понатамошна поддршка на Украина.

„Во спротивно, за шест месеци ќе завршат сите приказни за успехот кој во моментов се очекува, бидејќи нема да можеме да продолжиме со снабдувањето“, објасни Папергер.

Западот, според него, не размислува долгорочно, како што тој смета дека треба, туку само од шест до 12 месеци однапред.

„А тоа не е добро, бидејќи Европа е во многу опасна ситуација“, заклучи шефот на Рајнметал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ