вторник, 22 октомври 2024

Шефот на НАТО: Шведска ги исполни барањата на Турција

Објавено на

часот

Сподели

По руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон западната алијанса по децении неутралност. Финска беше примена како 31-ва членка во април оваа година, откако сите членки на НАТО го ратификуваа нејзиното барање, но Турција и Унгарија допрва треба да го ратификуваат шведското барање.

Турција ја оправдува својата блокада со фактот дека Шведска не дејствува против терористичките организации, а особено со своето одбивање да екстрадира луѓе кои Анкара ги смета за терористи. Во четвртокот во Шведска стапија на сила нови антитерористички закони, со што е незаконски да се учествува, финансира или на друг начин да се поддржува терористичка организација.

Лидерите на НАТО ќе го одржат својот годишен самит во Вилнус во јули. Ердоган во вториот круг од изборите пред една недела обезбеди нов претседателски мандат. Столтенберг беше присутен на церемонијата на положување заклетва во Анкара во саботата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ