„Ќе продолжам да ги извршувам моите должности одговорно“, рече Мацуно, додавајќи дека неговата фракција во моментов е во процес на проверка на фактите во врска со наводите што може да претставуваат прекршување на законот за контрола на политичките фондови.
Сепак, Ројтерс наведува, повикувајќи се на весникот „Јомиури“, дека јапонскиот премиер Фумио Кишида планира да го замени Мацуно по медиумските извештаи за непријавени политички средства во рамки на неговата владејачка партија.
Јапонската владејачка Либерално-демократска партија и нејзиниот лидер, премиерот Кишида, се соочуваат со зголемена контрола по наводите дека Мацуно и други високопозиционирани членови „ставиле во џеб“ повеќе од околу 643.000 евра приход од собирање средства, кои не ги пријавиле во извештаите за финансирање на политичките партии, наведе Ројтерс.
Премиерот Кишида ги повика своите колеги да се воздржат од организирање забави за собирање средства.