сабота, 19 октомври 2024

Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер е обвинет за проневера на 64 илјади евра

Главниот секретар на Кабинетот на јапонскиот премиер и главен владин портпарол Хироказу Мацуно е обвинет дека не пријавил повеќе од 10 милиони јени (околу 64.000 евра) приход собрани на настани организирани од неговата партиска фракција, пренесува Кјодо, додавајќи дека Мацуно рекол дека нема намера да поднесе оставка.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе продолжам да ги извршувам моите должности одговорно“, рече Мацуно, додавајќи дека неговата фракција во моментов е во процес на проверка на фактите во врска со наводите што може да претставуваат прекршување на законот за контрола на политичките фондови.

Сепак, Ројтерс наведува, повикувајќи се на весникот „Јомиури“, дека јапонскиот премиер Фумио Кишида планира да го замени Мацуно по медиумските извештаи за непријавени политички средства во рамки на неговата владејачка партија.

Јапонската владејачка Либерално-демократска партија и нејзиниот лидер, премиерот Кишида, се соочуваат со зголемена контрола по наводите дека Мацуно и други високопозиционирани членови „ставиле во џеб“ повеќе од околу 643.000 евра приход од собирање средства, кои не ги пријавиле во извештаите за финансирање на политичките партии, наведе Ројтерс.

Премиерот Кишида ги повика своите колеги да се воздржат од организирање забави за собирање средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ