Пред два дена новинари го прашаа американскиот претседател Џо Бајден дали „добро разбрал“ што најблискиот блискоисточен сојузник на Вашингтон би можел да направи во рамки на одмаздата за иранскиот ракетен напад од 1 октомври и дали Израел „всушност ќе му одговори на Иран“.
Бајден одговори со „да и да“, но одби да даде дополнителни детали.
Арагчи на социјалната мрежа Икс истакна дека „секој кој има знаење и разбирање за тоа како и кога Израел ќе го нападне Иран и/или пружа средства за таква глупост, логично е да биде сметан за одговорен“.
Шефот на дипломатијата не го спомна директно Вашингтон во својата порака, но неговиот пост вклучува линк до напис на Ројтерс за Бајден кој потврдува дека е свесен за плановите на Израел да го нападне Иран.
Си-ен-ен вчера објави дека САД отвориле истрага откако строго доверливи разузнавачки извештаи за подготовките на Израел за можни напади на Иран протекоа на интернет.