вторник, 22 октомври 2024

Шефот на ФБИ го предупреди Западот: Се заканува терор невиден од подемот на ИСИС

Нападот на Хамас на Израел ќе ја инспирира најголемата закана со терор во Соединетите Американски Држави од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Кристофер Реј на сослушувањето во Конгресот.

Објавено на

часот

Сподели

Реј кажа дека од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во Газа на почетокот на овој месец неколку странски терористички организации повикаа на напади на Американците и Западот, значително засилувајќи ја заканата од насилните американски екстремисти.

„Делата на Хамас и неговите сојузници ќе бидат инспирација за оние кои не сме ги виделе откако Исламска држава го формираше својот калифат пред неколку години“, кажа на сослушувањето пред Одборот за татковинска безбедност на американскиот Сенат посветено на заканите во САД.

Американската влада забележала зголемување на заканите кон Евреите и Американците од арапско потекло од избивањето на конфликтот во Газа, соопштиле американските функционери.

Американскиот министер за татковинска безбедност Алехандро Мајоркас кажал на сослушувањето дека омразата насочена против еврејските студенти во САД по почетокот на конфликтот во Газа придонела на зголемување на антисемитизмот. Белата куќа изрази неделава загриженост поради антиеврејски инциденти на американските универзитети.

На некои американски кампуси, вклучувајќи неколку во Њујорк, избиле тензии меѓу произраелски и пропалестински групи, поради што универзитетските управи ги зголемиле мерките за безбедност. „Омразата насочена кон еврејските студенти, заедниците и институциите се надоврзува на претходното јакнење на антисемитизмот во САД и светот“, кажал Мајркас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ