петок, 25 октомври 2024

Шефот на дипломатијата на ЕУ го предупреди Балканот за Русија

Одржувањето блиски врски со режимот на рускиот претседател Владимир Путин не е компатибилно со тежнеењата за членство во Европската Унија, предупреди денес во Луксембург високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика Жосеп Борел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Влегувањето во ЕУ е стратегиски избор на државите од Западен Балкан и одржувањето блиски врски со режимот на Путин не е компатибилно со изградбата на заедничка иднина во Европската Унија“, кажа Борел на конференција за новинарите по завршувањето на состанокот на министри за надворешни работи на државите членки на ЕУ.

За време на работниот ручек на состанокот на европските министри се придружиле нивните колеги од Западен Балкан со кои разговарале за усогласување со европската надворешна и безбедносна политика. Србија, која преговара за членство во ЕУ, одбива да ѝ воведе санкции на Русија.

Главна тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ била воената помош за Украина, состојбата на Блискиот Исток и во Грузија. Борел најави дека ЕУ ќе ги намали политичките контакти со Грузија, откако земјата го донесе контроверзниот закон за странски агенти за организациите кои се финансирани од странски држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ