петок, 25 октомври 2024

Шефот на агенцијата на ОН за Палестинците: Нема докази дека наши работници учествувале во упадот на Хамас во Израел

Шефот на агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) Филипе Лазарини кажа дека нема никакви докази дека кој било од вработените на таа агенција учествувал во упадот на Хамас во Израел во октомври, оценувајќи дека таквите обвинувања од израелската влада имаат цел спречување на хуманитарната помош за палестинските цивили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тие обвинувања ги примив на 18 јануари усно и тие ме вџашија. Веднаш отпуштивме дванаесет вработени додека трае истрагата. Но од тогаш до денес никакви докази, освен тоа вербално обвинување од Израел, не ни се доставени“, кажа Лазарини на прес-конференција во Мадрид.

Тој се сретна со шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Луис Албарес, чија земја тројно ја зголеми редовната помош на УНРВА на 3,5 милиони евра, а денес одлучи да уплати уште 20 милиони евра.

Тие дополнителни пари се наменети за здравството и школување на 500.000 палестински деца бегалци во Појасот Газа и околните територии. Шпанската влада со таа донација се обидува да мотивира други земји да продолжат со уплатите откако под влијание на обвинувањата од Израел 16 земји ги замрзнаа донациите во вкупен износ од 450 милиони евра.

„Се наоѓаме под притисок, се обидуваат да нè распуштат“, кажа Лазарини. „Израел порача дека ние не би требало да постоиме. Тоа е политичко барање да на згаснат. Ние постоиме 75 години, а сега нè обвинуваат за такво нешто“.

Шефот на шпанската дипломатија Албарес повтори дека единственото решение за конфликтот е тоа со две самостојни и суверени држави, што би вклучило меѓународно признавање на Палестина. Мадрид со месеци заговара одржување меѓународна мировна конференција од која Израел и Палестина би излегле како меѓусебно признати држави. На тој план се противи израелската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ