Шефилд јунајтед ги загуби и теоретските шанси за опстанок и од следната сезона ќе игра во Чемпионшип.
Денеска добро го почнаа мечот против Њукасл, поведоа со гол на Ахмедхоџиќ уште во петтата минута од натпреварот. Њукасл изедначи на 1-1 со погодок на Исак. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во вториот дел му се случи вистински дебакл на Шефилд, Њукасл даде уште четири гола, погодија Гимараеш, Исак уште еднаш и Вилсон, а гостите си дадоа и автогол преку Осборн за конечни 5-1.
Манчестер јунајтед на Олд Трафорд одигра само 1-1 против Барнли кој е претпоследен на табелата во Премиерлигата.
Јунајтед поведе во 79. минута кога Антони искористи една грешка на гостите. А во 87. минута Амдуни даде гол од пенал за 1-1. Прекршокот го направи Онана.
Фулам и Кристал Палас одиграа 1-1 во лондонскиот дуел, Вулвс со 2-1 го совалда Лутон.