сабота, 19 октомври 2024

Шефицата на Европската комисија не може да ја замисли ЕУ без Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да почнеме да размислуваме како овие земји да станат дел од ЕУ. Треба да размислиме како да ги донесеме овие одлуки, какви средства ќе бидат потребни. Тоа се принципиелни работи пред нас, ќе биде потребно време за да се дојде до решение“, истакна Лајен.

По повод почетокот на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 1 јули таа изрази очекување дека до крајот на годината ќе бидат донесени одлуки за зголемување на помошта за Украина. Лајен истакна дека буџетот на ЕУ веќе му обезбеди на официјален Киев дополнителни 30 милијарди евра. Според неа, до 2027 година се потребни 50 милијарди евра.

Лајен најави дека ЕК наскоро ќе предложи законски мерки за да се овозможи користење на запленетиот руски имот за поддршка на Украина.

„Важно е светот да види дека таквите страшни злосторства не можат да останат неказнети“, наведе Лајен.

Таа посочи дека шпанското претседателство треба да работи на брз договор за заедничка јавна набавка на муниција за Украина. Лајен изрази надеж дека до крајот на годината или следната пролет ќе биде постигнат договор за измени на миграциското законодавство.

Премиерот Санчез како четири главни задачи за шпанското претседателство ги наведе поддршка за Украина, обезбедување на економската безбедност на ЕУ, продолжување на енергетската транзиција и миграциските прашања.

„Се надевам на мир што е можно поскоро. Ќе ја поддржиме Украина на секој можен начин на нејзиниот пат кон ЕУ. Ќе останеме со Украина до нејзината победа“, изјави Санчез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ