понеделник, 21 октомври 2024

Шахин повлече необичен потег, Борусија Дортмунд се плаши од шпионажа во Мадрид

Медиумите од Германија пренесуваат дека Борусија Дортмунд нема да тренира на „Бернабеу“ пред дуелот против Реал Мадрид, Нури Шахин се плашел дека „кралевите“ ќе ги шпионираат финалните подготовки.

Објавено на

часот

Сподели

„Милионерите“ утре гостуваат во Мадрид во 3. коло во Лигата на шампиони во реприза на минатогодишното финале, а пред пресметката, Нури Шахин повлече потег кај не го направил ниту еден друг тренер на Борусија Дортмунд.

Како што пренесува Билд, младиот стратег решил последниот тренинг да го одржи во Дортмунд и потоа да патуваат во престолнината на Шпанија.

Нури Шахин не сакал да организира тренинг на „Бернабеу“ бидејќи се плашел дека Реал Мадрид ќе ги шпионира финалните подготовки на неговиот тим, и „кралевите“ ќе приберат корисни информации за тактичката поставеност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ