вторник, 22 октомври 2024

Севернокорејски војници загинаа поставувајќи мини долж воената линија со Јужна Кореја

Војската на Јужна Кореја денеска испука предупредувачки истрели откако севернокорејските војници накратко ја преминаа демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги дели Северна и Јужна Кореја, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на земјата (ЗКС).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералштабот објави дека во одделен инцидент, севернокорејските војници претрпеле повеќе жртви додека работеле поради експлозија на мина во ДМЗ.

Војската на Северна Кореја спроведува различни активности долж линијата на границата, вклучително и распоредување војници и поставување мини од април, додаде претставник на Генералштабот.

Се чини дека ваквите активности се дел од напорите за заострување на граничните контроли и спречување на Севернокорејците да бегаат на југ, рече функционерот.

Генералштабот објави фотографии на кои се гледа како група севернокорејски војници ги отстрануваат железничките шини долж пругата што ги поврзува двете Кореи.

ЗКС објави дека околу 20 до 30 севернокорејски војници накратко ја поминале воената демаркациона линија во централниот дел на границата, пренесува Јонхап.

„Јужнокорејската војска испука предупредувачки истрели, што ги натера севернокорејските војници да се вратат на својата страна од границата“, соопшти ЗКС, додавајќи дека по предупредувачките истрели немало невообичаена активност.

Службеник на ЗКС рече дека инцидентот не бил намерен, туку случаен, пренесува новинската агенција.

Јужна Кореја испука предупредувачки истрели минатата недела кога околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминаа границата, соопштија властите во Сеул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ