недела, 24 ноември 2024

Северна Кореја: Свикан состанок на главната партија

Објавено на

часот

Сподели

Ким присуствуваше на продолжениот пленарен состанок на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Кореја, кој беше отворен вчера, според државната севернокорејска централна новинска агенција КЦНА.

„На состанокот ќе се разговара за прашањето за дипломатската и одбранбената стратегија на земјата за справување со променетата меѓународна ситуација и за разгледување на економските проекти во првата половина на оваа година“, се вели во извештајот на КЦНА.

Се вели дека учесниците едногласно ги одобрија точките од дневниот ред и состанокот влезе во дискусија, што укажува дека најверојатно ќе се продолжи во текот на неколку дена.

Состанокот се одржува во моментот кога Северна Кореја се обидува да ги зајакне врските со Русија и Кина во услови на интензивирање на кинеско-американското ривалство и руската војна против Украина.

Пјонгјанг се соочува и со зголемена безбедносна соработка меѓу Јужна Кореја, Соединетите Држави и Јапонија, при што шефовите на одбранбените сили на трите земји се согласија да управуваат со систем за споделување на податоците за предупредување од ракети на Северна Кореја во реално времево во текот на една година на состанокот во Сингапур на почетокот на овој месец.

Северна Кореја продолжи да ги зголемува тензиите во последниве недели, истрелувајќи две балистички ракети со краток дострел во четвртокот и лансирајќи вселенска ракета која носеше наводен воен шпионски сателит на 31 мај, која на крајот се урна во Жолтото Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ