петок, 18 октомври 2024

Северна Кореја: Пристигнувањето на американската подморница нѐ носи поблиску до нуклеарен конфликт

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја исто така тврди дека американските извидувачки авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор во близина на источниот брег, повикувајќи се на неименуван портпарол на Министерството за национална одбрана во изјава што ја пренесе државната новинска агенција КЦНА.

„Нема гаранција дека нема да се случи шокантен инцидент во кој стратешко извидувачкиот авион на американското воено воздухопловство ќе биде соборен над Источното Кинеско Море“, рече портпаролот.

Потезите на САД за распоредување на стратешки нуклеарни средства на Корејскиот полуостров се јасна нуклеарна уцена против Северна Кореја и регионалните земји и претставуваат сериозна закана за мирот, соопшти КЦНА.

Американска подморница со крстосувачки ракети на нуклеарен погон пристигна во пристаништето Бусан во Јужна Кореја минатиот месец.

Во април, лидерите на Јужна Кореја и на Соединетите Држави се согласија подморницата на американската морнарица која носи нуклеарни балистички ракети да ја посети Јужна Кореја за прв пат од 1980-тите, но не беше објавен распоред за посетата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ