сабота, 19 октомври 2024

Северна Кореја објави дека пребегнатиот американски војник е во притвор во Пјонгјанг

Објавено на

часот

Сподели

Командата додаде дека во овој момент нема да изнесе повеќе детали за одговорот на Пјонгјанг.

„Не сакаме да се мешаме во напорите тој да е врати дома“, се наведува во соопштението.

Пентагон претходно соопшти дека севернокорејските власти го уапсиле војникот Травис Т. Кинг, кој се придружил на американските сили во 2021 година и во меѓувреме се соочил со дисциплински мерки.

Се верува дека Кинг е првиот американски војник кој влегол во Северна Кореја од 1982 година.

Командата на ОН, која ја контролира Демилитаризираната зона на границата на двете Кореи, побарала информации за Кинг користејќи ја својата директна телефонска линија со севернокорејската војска во заедничката безбедносна зона.

Севернокорејците претходно го примиле барањето, но ова е првпат да одговорат, потврдувајќи дека американскиот војник е во притвор.

Пред да ја премине границата, Кинг бил два месеци во затвор во Јужна Кореја поради обвиненија за напад. Ослободен е на 10 јули, требало да се врати назад во САД за дисциплинска постапка, но успеал да го напушти аеродромот и да се придружи на турнеја по Демилитаризираната зона, од каде пребегнал на север.

Командата на Обединетите нации е мултинационална воена сила која во 1950 година ја формирал Советот за безбедност на ОН како поддршка на Јужна Кореја за време и по Корејската војна.

Таквата одлука можела да биде усвоена бидејќи Советскиот Сојуз, близок сојузник на Северна Кореја и член на Советот за безбедност, во тоа време ги бојкотирал Обединетите нации бидејќи тогаш го признавале Тајван како Република Кина, а не Народна Република Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ