петок, 18 октомври 2024

Северна Кореја лансираше балистички ракети

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите вооружени сили открија две балистички ракети истрелани од Северна Кореја од локација во близина на Пјонгјанг во Источното Море во понеделник напладне по локално време и во вторник на полноќ“, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на главниот стожер во Сеул.

Според воениот стожер на јужнокорејската војска, проектилите летале околу 400 километри пред да паднат во морето. Војската на Јужна Кореја сè уште истражува за каков тип на ракети се работи.

Резолуциите на ОН ја спречуваат Северна Кореја да тестира балистички ракети кои, во зависност од тоа како се дизајнирани, можат да носат и нуклеарни боеви глави. Тестирањето на крстосувачките ракети не е под санкции, но и таквото оружје може да се користи за носење нуклеарни боеви глави.

По минатогодишната серија ракетни тестови без преседан, Северна Кореја оваа година неколку пати тестираше проектили и наведувани проектили. Минатиот викенд Пјонгјанг истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров.

Минатата среда, Северна Кореја истрела проектили неколку часа откако американска подморница со нуклеарни балистички проектили (ССБН) се појави во ретка посета на Јужна Кореја.

УСС Кентаки, подморница со нуклеарни балистички проектили класа Охајо од 18.750 тони, ја напушти поморската база Бусан во петокот, три дена по ретката посета на пристаништето во демонстрација на сила против растечките воени закани на Северна Кореја.

Северна Кореја минатата недела предупреди дека распоредувањето на американските сили, вклучувајќи носачи на авиони, бомбардери или ракетни подморници во Јужна Кореја може да поттикне употреба на нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ