четврток, 18 јули 2024

Северна Кореја: Ким Џонг Ун ја повика војската да одговори на сите провокации на непријателот (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Во четвртокот, за време на посетата на командата на воздухопловните сили на Северна Кореја на Денот на воздухопловците, Ким презентираше упатства за подобрување на борбените способности на војската, објави новинската агенција КЦНА.

Ким наведе оперативни и тактички мерки за спротивставување на, како што рече, „секаква воена провокација и закана од непријателот веднаш и силно“, наведе КЦНА, пренесе Ројтерс.

Севернокорејскиот лидер потоа присуствуваше на демонстративен лет на воздухопловните сили. Фотографиите објавени од државните медиуми покажуваат дека Ким и неговата ќерка, облечени во долги кожени јакни, го гледаат летот на авионот. Ким ги пофали воздухопловните сили за, како што наведе, „целосната подготвеност за извршување борбени мисии“ под сите услови.

Тензиите на Корејскиот Полуостров се зголемија откако Северна Кореја лансираше воен сателит во орбитата минатиот месец, што ја натера Јужна Кореја да ја суспендира клучната клаузула од меѓукорејскиот воен договор од 2018 година. Пјонгјанг оттогаш објави дека повеќе не е обврзан со договорот.

Соединетите Држави и нивните сојузници остро го осудија лансирањето на првиот воен сателит на Северна Кореја во орбитата како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации. Пјонгјанг, сепак, најави дека ќе лансира уште воени сателити. Во четвртокот, САД воведоа нови санкции кон Северна Кореја поради нејзиното лансирање сателит. Јужна Кореја исто така воведе санкции кон Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ