петок, 18 октомври 2024

Северна Кореја истрела проектил. Јапонија издаде па го повлече предупредувањето за евакуација

Објавено на

часот

Сподели

Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повика на зајакнување на одвраќањето од војна на земјата на „попрактичен и поофанзивен“ начин за да се спротивстави на, како што ја нарече, агресијата на Соединетите Држави.

Јапонската влада соопшти дека предупредувањето за итна евакуација што го издаде и подоцна го повлече за жителите на северниот остров Хокаидо по лансирањето на проектил од Северна Кореја е соодветно и не е грешка. Системот за предупредување за итни случаи им порача на милиони луѓе во Хокаидо веднаш да се засолнат.

„Не ги коригиравме информациите што ги објави системот за итно емитување Џеј-Алерт“, рече главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно на прес-конференција.

Тој рече дека севернокорејскиот проектил исчезнал од јапонскиот радар веднаш по откривањето, а дополнителната анализа утврдила дека нема можност да слета на јапонска територија, што доведе до укинување на предупредувањето за евакуација.

„Предупредувањето Џеј-Алерт е издадено за да се информираат граѓаните за опасноста од паѓање на проектил, така што безбедноста на граѓаните е приоритет“, рече Мацуно.

Еден студент изјави за јавната телевизија НХК дека тревогата предизвикала паника на железничката станица во Хокаидо. „Во возот за момент настана паника, но службеникот на станицата ни рече да се смириме, а луѓето тоа го направија“, рече човекот, кого НХК не го именуваше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ