понеделник, 21 октомври 2024

Северна Кореја истрела неколку крстаречки ракети

Северна Кореја денеска истрела повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег, што е второ вакво лансирање за помалку од една недела, соопшти јужнокорејската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ракетите биле лансирани околу 8 часот по локално време и биле анализирани од јужнокорејските и американските разузнавачки служби, соопшти војската, без да прецизира колку проектили биле истрелани.

„Зајакнувајќи го надзорот и будноста, нашата војска тесно соработува со САД и ги следи дополнителните знаци и активности на Северна Кореја“, се вели во соопштението на Јужна Кореја.

Најновите лансирања следат неколку дена откако Северна Кореја истрела, како што ја нарече, нова стратешка крстосувачка ракета Пулвасал-3-31, што укажува на тоа дека има нуклеарна способност.

Северна Кореја ги заострува односите со САД и нејзините сојузници, но официјални лица во Вашингтон и Сеул велат дека не виделе знаци дека Пјонгјанг има намера да преземе итна воена акција.

Владата на Ким Џонг Ун најверојатно ќе продолжи, па дури и ќе ги засили провокативните потези, велат официјални лица и аналитичари, откако направи чекори во развојот на балистички ракети, ја зајакна соработката со Русија и ја напушти својата повеќедецениска цел за мирно обединување со Јужна Кореја.

Претходно во неделата, севернокорејскиот државен медиум КЦНА ја осуди серијата воени вежби спроведени од американските и јужнокорејските трупи во последните недели, предупредувајќи на „немилосрдни“ последици.

„Реалноста дека вежбите за нуклеарна војна против нашата република се одвиваат како лудо од почетокот на новата година, бара од нас да бидеме целосно подготвени за смртоносна војна“, се вели во објавата.

Во септември 2021 година, Северна Кореја го изврши првото тестирање на крстаречка ракета способна да изврши нуклеарен напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ