понеделник, 21 октомври 2024

Северна Кореја истрела неколку крстаречки ракети

Северна Кореја истрела повеќе крстосувачки ракети во морето во близина на својот западен брег, соопшти утринава Јужна Кореја, како најнов знак на зголемените тензии на Корејскиот полуостров, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ракетите биле истрелани околу 7 часот наутро, а лансирањето го следеле јужнокорејските и американските разузнавачки служби.

Последното лансирање на ракети од страна на Пјонгјанг доаѓа во момент кога специјалната воена единица на јужнокорејската морнарица учествуваше во обука долж источниот брег во провинцијата Гангвон, која граничи со Северна Кореја.

Обуката имаше за цел да ја зајакне оперативната подготвеност по неодамнешниот артилериски оган на Северна Кореја во близина на спорната поморска граница и тестирање на оружје, соопшти јужнокорејскиот јавен сервис.

Пјонгјанг соопшти дека тестирал хиперсонична ракета со среден дострел на цврсто гориво на почетокот на овој месец, во потег што го осудија САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Изолираната Северна Кореја исто така урна голем споменик во својот главен град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја по налог на лидерот Ким Џонг Ун, кој минатата недела го нарече ривалот „примарен непријател“ и рече дека обединувањето повеќе не е можно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ