вторник, 22 октомври 2024

Северна Кореја им се закани на Американците со „нова светска војна“

Висок севернокорејски воен функционер ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради испраќањето воена помош на Украина, објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пак Џонг Чон, еден од водечките воени функционери на Северна Кореја, кажа дека Русија „има право да се одлучи на каков било одмазднички напад“, додавајќи дека Вашингтон „продолжува да ја турка Украина во посредничката војна против Русија, што би можело да предизвика посилен одговор на Москва и нова светска војна“.

САД и Јужна Кореја се вознемирени од продлабочувањето на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја и ги обвинија дека ги кршат меѓународните закони за трговија со оружје.

Западот верува дека Русија добила околу 1.6 милиони артилериски гранати од Северна Кореја од август до јануари, јави Вашингтон пост.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потпишаа пакт за време на посетата на Путин на Пјонгјанг минатата недела. Во пактот се обврзаа дека секоја страна ќе пружи „непосредна воена помош на другата во случај на оружена агресија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ