понеделник, 21 октомври 2024

Северна Газа: Израелските сили разнесуваа куќи, опколија училишта и засолништа, приведоа мажи

Израелските сили денеска креваа во воздух куќи и опколија училишта и засолништа за раселените лица додека ги продлабочуваа своите операции во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, соопштија жителите и медицинските работници, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие, исто така, ги собраа мажите и им наредија на жените да го напуштат кампот.

Лекарите од индонезиската болница рекле за Ројтерс дека израелските војници упаднале во училиште и ги привеле мажите пред да го запалат објектот.

Пожарот стигнал до генераторите на болницата и предизвикал прекин на електричната енергија, додаваат тие.

Здравствените власти соопштија дека ги одбиле наредбите на израелската армија, која пред повеќе од две недели започна нов упад на северот на палестинската територија, да се евакуираат три болници во областа или да се остават пациентите без надзор.

Војниците останале пред болницата, но не влегле, соопштија здравствените власти.

Лекарите во другата болница „Камал Адван“ пријавиле силен израелски оган во близина на болницата во текот на ноќта.

„Војската ги пали училиштата крај болницата и никој не може да влезе или излезе од болницата“, рече една медицинска сестра во индонезиската болница, која побара да остане анонимна.

Палестинските здравствени власти соопштија дека 18 лица биле убиени во Џабалија и осум на други места во Газа во израелските напади.

Израелската армија соопшти дека војниците ги продолжуваат копнените операции низ Појасот Газа. Во соопштението се наведува дека во текот на изминатиот ден, војниците ја демонтирале милитантната инфраструктура и шахтите на тунелите и убиле борци во областа Џабалија. Во соопштението не се коментира моменталната состојба во однос на болниците и камповите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ