петок, 12 јули 2024

Севдализа го разигра Скопје во ритамот на „Летото за паметење“

Светската поп-дива Севдализа со спектакуларен настап пред скопската публика го затвори овогодинешното издание на фестивалот „Скопје колинг“.

Објавено на

часот

Сподели

Пред скопската публика, Севдализа ги изведе песните од нејзиното и понатаму актуелно EP „Raving Dahlia“, како и добро познатите хитови како „Human“, „Oh My God“ и „Ride or Die, Pt.2“.

Настапот на Севдализа на „Skopje Calling“ во рамки на програмата на Telekom Electronic Beats, е дел од кампањата „Лето за паметење“, која има за цел да ѝ овозможи на Генерацијата Z, но и на сите љубители на добрата музика, да создадат спомени и да го направат ова лето најзабавното досега.

Публиката присутна на стадионот на АРМ вечерта уживаше во уникатниот звук на музиката на Sevdaliza, кој претставува хармоничен електро-поп микс на персиска, источно-европската и западна култура. Како загревање за главното шоу, на сцената свој DJ настап имаше Nastasyakish, како домашна поддршка.

Дел од овогодишната програма на „Лето за паметење“ се повеќе ексклузивни свирки за помала публика, pop-up настани чијшто домаќин е Telekom Electronic Beats, но и некои од најголемите фестивали низ Европа, како Melt (Германија), Rolling Loud Europe (Австрија), Lollapalooza (Германија), Skopje Calling (Скопје) и Ohrid Calling (Охрид).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ