Никола Серафимов е херојот на Македонија во денешниот натпревар против Летонија, одигра одлично во одбраната, постигна деби гол за репрезентацијата и ја донесе победата за место во скалило погоре во Лигата на нации.
Македонија врза четири победи по ред и тоа четири без примен гол, нешто што ни се нема случено досега.
Пех во оваа победа беше повредата на Елмас кој мораше да го напушти натпреварот по 24 минути игра, Ќамили влезе на негово место.
Во првиот дел тешко ја пробивавме одбраната на Летонците кои креираа шанси од контра напади, за среќа беа непрецизни. Ние првиот добар обид го имавме дури пред крајот на првото полувреме кога по едно двојно проигрување со Трајковски, Алими не успеа да даде гол, голманот на Летонија одбрани.
Второто полувреме беше поинакво, тргнавме офанзивно од самиот почеток, прв се закани Димоски со убав шут, за малку беше непрецизен. Следуваа две шанси на Ќамили, но не успеа да погоди.
Клучниот момент се случи во 57. минута кога по еден корнер топката дојде до Серафимов, а тој ја смести во мрежата на Молдавија за водство на Македонија од 1-0, што беше и конечен резултат.
Откако дојдовме до водство го намаливме темпото, но повторно креиравме повеќе од противникот, имавме шанси и за повисока победа, пред се голема беше шансата на Ќамили кој имаше одличен пробив, но голманот на Летонија одбрани.
Со оваа победа го заверуваме првото место на табелата, па неделниот натпревар против Фарски Острови ќе биде само формалност. Тој дуел почнува од 15 часот.