вторник, 22 октомври 2024

Семејството не дозволува Бајден да се откаже од својата кандидатура

Семејството на претседателот на САД му порача на Џо Бајден да остане во трката за втор мандат и покрај катастрофалниот настап во дебатата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Некои членови на семејството критикуваа како неговиот персонал го подготвил за минатонеделната пресметка против Доналд Трамп.

Бајден ја помина неделата во Кемп Дејвид, претседателскиот дом во Мериленд, со првата дама Џил Бајден, неговите деца и внуци.

Иако неговото семејство беше свесно за тоа колку лошо поминал 81-годишникот против Трамп, тие исто така веруваат дека тој и понатаму е најдобриот кандидат за да го победи републиканецот и дека е способен да ја извршува функцијата претседател уште четири години, објави Асошиејтед прес, цитирајќи луѓе кои побарале да бидат анонимни.

Џил Бајден и неговиот син Хантер, луѓето кои тој најмногу ги слуша во светот, беа меѓу најгласните што му се спротивставија да се повлече од кандидатурата, додава АП.

Њујорк тајмс, повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата, исто така објави дека семејството побарало од Бајден да остане во трката и да продолжи да се бори. Весникот вели дека некои членови на семејството приватно изразиле огорченост поради тоа како неговиот персонал го подготвил за настанот во четвртокот вечерта.

Повиците Бајден да се повлече од функцијата продолжија од четвртокот кога американскиот претседател изгледаше вкочането, збунето и повремено даваше конфузни одговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ