вторник, 22 октомври 2024

Селтик тргнува по Миовски

Шкотскиот гигант, Селтик уште во јануарскиот преоден рок планира да се обиде да го ангажира македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.
 

Објавено на

часот

Сподели

Миовски втора сезона по ред игра во голема форма, а неговиот континуитет на добри игри стана привлечен за големите клубови.

Од Шкотска стигнуваат информации дека Миовски е желба број еден на Брендан Роџерс за јануарскиот преоден рок.

Абердин не сака да се раздели од Миовски, но ситуацијата би ја променила една висока понуда од Селтик.

Шкотските медиуми најавуваат дека тоа би бил рекорден трансфер меѓу двата клуба.

Рекордот во овој момент го држи трансферот на Скот Браун за кого Селтик во 2007 година плати 4.4 милиони фунти. Ќе потсетиме, Абердин за Миовски плати 650.000 фунти.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ