Села коментирајќи ја поддршката што косовскиот премиер Курти ја искажува албанската опозиција во Македонија во трката за претседателските и парламентарните избори изјави дека самиот Курти нему му кажал дека Самоопределување не уне учествува на изборите во Македонија.
„Иста беше неговата изјава и кога беше во Скопје на Самитот на лидерите од Западен Балкан. Не велам за Беким Ќоку кој ќе видиме дали ќе учествува или не. Јас на Курти не му должам ништо, а сум му должел коллу што било потребно, зашто бев присутен на неговите кампањи за парламентарните избори во Косово. И, не сакам да верувам дека Курти има своја вмешаност во тоа што се случува со Алијанса за Албанците“, нагласи Зијадин Села.
Тој додаде дека има многу политички актери во Македонија кои се обидуваат да ја искористат партијата Самоопределување на Курти и нејзиниот имиџ.
„Гледам партиски лидери кои повеќе зборуваат за Самоопределување отколку за својата партија“ – рече Села.