Луѓето биле на пат кон црквата за да го прослават верскиот празник кога се случил нападот, соопшти Министерството, додавајќи дека од повредените 12 се деца, а 10 се полицајци, пренесува Ројтерс.
„Руската ракета погоди точно во центарот на градот, во нашиот Чернихив. Плоштадот, политехничкиот универзитет, театарот“, објави на Телеграм претседателот Володимир Зеленски, кој беше во работна посета на Шведска.
This is what it means to live next to a terrorist state. This is what we are uniting the entire world against.
Today, a Russian missile hit the heart of Chernihiv. A square, a university, and a theater. Russia turned an ordinary Saturday into a day of pain and loss. There are… pic.twitter.com/AMgXCVfR7h
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2023
„Обична сабота, што Русија ја претвори во ден на болка и загуба“, додаде тој.
Чернихив е град на зелени булевари и вековни цркви на околу 145 километри северно од главниот град Киев. Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека во нападот бил уништен покривот на драмскиот театар.