недела, 20 октомври 2024

Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без превод на македонски јазик

Новиот состав на Советот на Општина Тетово повеќе од една година по формирањето не најде начин при пренесување на седниците на интернет да го има и преводот на македонски јазик што функционира во салата кога се зборува на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

На вонредните избори на 20 август 2022 се избраа новите советници, а од 7 септември 2022 се избра и актуелниот претседател Бесар Дурмиши. Со оглед дека превод на македонски немаше и во претходата година од редовните избори Дурмиши тогаш рече дека тоа ќе се направи со ребалансот на буџетот, пишува МИА.

Година и два месеци подоцна и понатаму нема техничка можност за избор на превод на македонски и албански јазик. Така беше и на последната вчерашна седница.

„Треба само да видиме колку чини тоа, колку средства па да се консултирам со секторот за финансии и со ПР службата и мислам дека ќе ја решиме и овој проблем“, најави повторно претседателот на Советот, Бесар Дурмиши.

За разлика од Општина Тетово, следење на седниците на Советот на двата јазици има во Општина Брвеница. 

Таму имаат два канали на социјалната мрежа Ју-тјуб каде се пренесуваат седниците и на македонски и на албански јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ