петок, 18 октомври 2024

Се урна авион при гасење пожар во Грција, загинаа двата пилоти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат грчките медиуми, во авионот, кој припаѓа на 355 тактичко-транспортна ескадрила, биле двајца пилоти.

Несреќата се случила над градот Каристос, на југот на островот Евија, во близина на Атина, објави грчки ЕРТ.

На видео-снимка се гледа како авионот паѓа на земја, по што следела голема експлозија.

Грчкото министерство за одбрана потврди дека двајцата пилоти загинале кога се урнал нивниот авион. Пилотите се идентификувани како 34-годишен командант и неговиот 27-годишен копилот.

На местото на несреќата е испратен хеликоптер кој ја надгледува ситуацијата.

Низ Грција веќе со денови беснеат шумски пожари, а површината која изгорела на островот Родос достигнала 145.000 хектари.

Од тоа 2.800 хектари се наоѓаат во четири заштитени подрачја, а дополнителни 13.700 хектари се во рамки на два резервати на диви животни.

Околу 12.000 хектари изгореле во Лутраки, 39.000 во Неос Куварас, 145.000 на Родос, 10.000 во Каристос и 20.000 на Крф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ