сабота, 19 октомври 2024

Се уредуваат паркови крај бул.АСНОМ во Аеродром, се пофали градоначалничката на Скопје

Денеска градоначалничката Данела Арсовска изврши увид во уредувањето на новите парк и пешачки патеки покрај булеварот АСНОМ во Општина Аеродром кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните.Станува збор за втора фаза на уредување нови паркови во Аеродром, долж булеварот, со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

Објавено на

часот

Сподели

На терен работат екипи на претпријатијата Паркови и зеленило и Улици и патишта. 

Од Градот наведуваат дека ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, „која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на живот, животната средина, зголемување на градското зеленило и паркови површини“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ