понеделник, 21 октомври 2024

Се шири бунтот за заштита на границата во Америка: Тексас го подржаа 25 гувернери на сојузни држави

Републиканските гувернери се здружуваат во својата поддршка на тексашкиот гувернер Грег Абот во правото на Тексас на одбрана, па 25 од нив објавија и заедничка изјава во која го обвинуваат претседателот Џо Бајден дека Американците ги оставил незаштитени на имиграцијата и го нападнал Тексас за зајакнување на заштитата на редот во таа држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на Бајден и понатаму одбива да преземе акција или одговорност за кризата на јужната граница.

„Претседателот Бајден и неговата администрација ги оставија Американците и нашата земја целосно ранливи на нелегалната имиграција која се шири преку јужната граница. Наместо да го поддржува владеењето на законите и да ја обезбедува границата, администрацијата на Бајден го нападна и го тужи Тексас за јакнење на заштитата на американските граѓани од невидените бројки нелегални мигранти, смртоносни нивоа на дрога како фентанил и терористите кои влегуваат во нашата земја“, наведуваат гувернерите.

Тие истакнуваат дека се солидарни со гувернерот Абот и поддржуваат „секаква алатка и стратегија“, вклучувајќи и поставување ограда од бодликава жица за обезбедување на границата.

„Делумно тоа го правиме затоа што администрацијата на Бајден одбива да ги примени законите за имиграција кои се веќе на сила и незаконски дозволува масовно условно пуштање на мигрантите кои нелегално влегле во нашата земја низ Америка“, наведуваат гувернерите во отвореното писмо.

Креаторите на уставот на САД, потсетуваат тие, јасно кажале дека во вакви времиња државите имаат право на самоодбрана.

„Бидејќи администрацијата на Бајден се откажа од својата уставна обврска кон државите, Тексас ги има сите правни оправдувања да го заштити суверенитетот на нашите држави и нашата нација“, наведуваат републиканските гувернери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ