„Екипите на општината се во целосна координација со МВР и ЕВН. Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите. На терен работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел“, информира градоначалникот Дарко Костовски, во објава на Фејсбук.
Апелира граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и посочува дека сите штети ќе бидат санирани.
„Отворен е телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето. Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата“, посочува Костовски.