сабота, 19 октомври 2024

Се поставуваат сликовни лед сообраќајни знаци на места каде имало несреќи

Продолжува проектот за поставување лед светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм, на локации каде имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на булеварот Партизански одреди кај слаткарницата „Палма“ и на улицата Јордан Мијалков, откако минатиот месец се отпочна со поставување на три локации, информираат во денешното соопштение од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на Градот Скопје, пишува во соопштението, и е дел од програмата „За модерно Скопје“ и од инфраструктурните проекти што се реализираат.

„Лед светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фреквентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини, со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот. Лед сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60 проценти, што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи, предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70 отсто“, се додава во соопштението.

Контрастот на клучните информации на лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови, како што се истакнува во соопштението, е зголемен за 35 проценти. Со овој вид сигнализација, како што се посочува, функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ