сабота, 19 октомври 2024
ЈП Македонија пат алармира

Се очекуваат обилни врнежи од снег, ако возите имајте топла облека и полн резервоар

По најавата на УХМР дека за викендот се очекува значителна промена на времето со обилни врнежи од снег и ниски температури, ЈП Македонија пат апелира до возачите ако одат на пат да носат топла облека и да имаат полн резервоар гориво.

Фото: РСБСП

Објавено на

часот

Сподели

Службите ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни.

„Во текот на престојните денови, петок, сабота и недела, согласно временската прогноза од УХМР се очекува значителна промена на временската состојба во државата – обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво“, наведува ЈП Македонија пат.

УХМР во прогнозата што ја објави попладнево се вели дека во дел од котлините утре ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува, соопштија од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во сабота ќе има значителна промена на времето. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи претежно од снег, кои наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка над 30 сантиметри, а во пониските места од три до десет. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат. Локални врнежи од снег ќе има и во недела претпладне, а од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ