вторник, 22 октомври 2024

СДСМ: Зошто Мицкоски се обиде да ја сокрие средбата со Главчев?

„Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Христијан Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба. Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторил позициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат“, реагира СДСМ на информацијата дека на маргините на Самитот на НАТО имале средба премиерите на Македонија и Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања?

Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?

Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање?

Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.

Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ