Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните, велат од СДСМ.
„Наместо економска политика гледаме калкулантска политика на Владата на Мицкоски и тотална негрижа за стандардот на граѓаните. СДСМ на пример минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Тоа е реална помош. Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа“, велат од СДСМ.